Културна манифестација „Создадена да создава“ по повод 8 Март во Охрид
Со културната манифестација „Создадена да создава“ ќе биде одбележан 8 Март во Охрид. Настанот е во организација на Општина Охрид, НУ Охридско лето, Женски Центар „Бисера“ – Охрид и Фото Клуб- Охрид.


Програмата започнува со изложба на фотографии „Жени во фокусот“ на младата охриѓанка Нина Анѓелоска утре (07.03.2026) во 17:30 часот во „Арт Тераса“, по што следуваат врачување на фотографии на „12-те Жени во фокусот“, како и концерт со Кате Танева и Ѓорѓи Ѓорчев од 18 часот.


Од 18:30 часот во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложбата на жени сликарки од Женски центар „Бисера“, а од 19:00 часот во „Арт Тераса“ ќе биде отворена изложбата на Фото клуб „Охрид“, насловена „Жени зад објективот“.
Програмата ќе биде заокружена со концерт во црквата „Св. Софија“ на гитаристот Дејан Милевски со почеток од 20:00 часот.
Да го прославиме заедно празникот на жената!– порачуваат организаторите.