Skip to main content

Спреј против развод

Научници од Универзитетот во Цирих  успеале да пронајдат формула за создавање на спреј за нос, кој ќе им донесе среќа на оние брачни двојки кои често се расправаат.

 |   | 
sprej
sprej

Научници од Универзитетот во Цирих  успеале да пронајдат формула за создавање на спреј за нос, кој ќе им донесе среќа на оние брачни двојки кои често се расправаат.

sprej

Спрејот содржи окситоцин кој ги смирува жените и ги прави пријателски расположени, а мажите почувствителни и позитивни за време на караници.

Окситоцин или уште познат како “дрога за мазење“, се произведува по природен пат во телото за време на секс и за време на чувство на сексуална привлечност.

Истражувањето било фокусирано на влијанието на хормоните на стресот и автономниот нервен систем за време на караници меѓу брачни двојки.

Во истражувањето учествувале 47 двојки на возраст од 20 до 50 години.

Резултатите покажале дека жените кои вдишувале од тој хормон биле многу повеќе пријателски расположени додека мажите биле позитивни и повеќе вклучени во разговорот. Активноста на нервниот систем кај жените се намалила, а кај мажите се зголемила.

{loadposition content9}