Сребрен медал за Vox Lychnidos на Меѓународен хорски натпревар во Херцег Нови
Градскиот мешан хор Vox Lychnidos освои сребрен медал на Меѓународен хорски натпревар во Херцег Нови, Црна Гора.
Во конкуренција од 14 хорови со меѓународно реноме го освоија сребрениот медал во категорија С (мешани хорови), со освоени вкупно 86 поени.
Импресиите од настапот сѐ уште се свежи, диригентот Бурим Хидри задоволен од изведбите полни со емоција, што беа проследени со силен аплауз од публиката, но и позитивни коментари од останатите учесници на фестивалот. Жири комисијата во образложението на резултатите го нагласи квалитетот на избраните композиции како и одличната соработката меѓу мене и хористите, истакна Хидри.
Градскиот хор по овој извонреден успех, се враќа на редовните проби и ќе се подготвува за учество на фестивал во Темишвар следниот месец.