НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид
Утре премиера на новиот филм „Охридски лудории“
Филмот започнува во 18:30 часот.
Утревечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид премиерно ќе биде прикажан филмот „Охридски лудории“.
Филмот обединува бројни познати уметници, музичари и личности од културната сцена, нудејќи динамична комедија исполнета со музика, хумор и интересни ликови.
Влезниците по цена од 200 денари се достапни за купување „Кај Аждер“.
