Skip to main content

Годините се само бројка

Старица (104) скокнала со падобран за да го собори светскиот рекорд

Дороти изведе „тандем-скок“ (прикачен за инструктор) од височина од 4.100 метри, а сега се очекува Гинисовата книга на рекорди да го потврди нејзиното достигнување.
 |  инфодеск  | 
Баба скок со падобран

Дороти Хофнер од Чикаго на 104год бара потврда за најстарата личност која скокнала со падобран, бидејќи направила неверојатен подвиг за нејзината возраст.

Дороти изведе „тандем-скок“ (прикачен за инструктор) од височина од 4.100 метри, а сега се очекува Гинисовата книга на рекорди да го потврди нејзиното достигнување. Во тој случај ќе го собори рекордот на Рут Лина Ингегард Ларсон (103) од Шведска.

Дороти го направила својот прв скок со падобран кога имала 100 години. Тогаш, како што вели, морале да ја „исфрлат од авионот“, а во неделата на 1 октомври со нетрпение го очекувала моментот на скок.

„Годините се само бројка“, изјавила храбрата жена моменти по безбедното слетување на полигонот во Отава.