Skip to main content

Културолошка Иницијатива „5 до 12“

Старт на програмата „The Cultural Seven“ – Викенд на слобода и урбана култура во Охрид

Влезот е слободен за сите љубители на алтернативната сцена, спортот и музиката.
 |  инфодеск  | 

Културолошка Иницијатива „5 до 12“ го започнува своето седмо издание под слоганот „The Cultural Seven“, викендов на 5 и 6 јули, со настанот Free Spirit Days во Скејт Парк Охрид.

-Сабота, 5ти јули, од 19:00 часот, ќе се одржи урбан музички концерт под отворено небо со настапи на МЦО Бенд, Feral Youth, Dimish и  Rootboy Selector. Недела, 6ти јули, од 18ч, младите скејтери од целата држава ќе се натпреваруваат на Скејт Контестот, пропратен со музика од Lychnidos Records. Ова е ден посветен на движењето, младешката енергија и слободниот дух, информираат организаторите во врска со стартот на програмата.

Влезот е слободен за сите љубители на алтернативната сцена, спортот и музиката.

 „The Cultural Seven“ ќе трае од 5 до 12 јули и ќе донесе седум уникатни културни приказни кои ќе го оживеат градот во седмата година од оваа културна традиција.