Skip to main content

Summer Comedy Marathon 2023

Стендап на англиски јазик, Гркот Џиниус утревечер во Jazz Inn

Цапас по вторпат се враќа во Македонија со неговото дрско, запаливо, провокативно и уникатно сатирично шоу „Само една ноќ во Oхрид“.
 |  инфодеск  | 
џимис цапас

Во сабота во Jazz Inn со почеток во 20 часот, стендап на Џимис Цапас на програмата на Summer Comedy Marathon 2023.

Ова е шоу што мора да се види, велат организаторите на летниот маратон на комедијата.

Со задоволство ви го најавуваме Гркот Џиниус, единствениот Џимис Цапас. Неверојатна ноќ на спонтана духовитост и многу импровизиран интензивен стенд ап. Комичарот, импровизатор и уметник Џимис Цапас „Гркот Џиниус“ по вторпат се враќа во Македонија со неговото дрско, запаливо, провокативно и уникатно сатирично шоу „Само една ноќ во Oхрид“. По големите турнеи во Букурешт, Скопје, Мадрид, Атина и неколкуте специјални настапи на медиумите ТВ, радио итн., Џимис во Охрид ја носи грчката перспектива за актуелната политичка, социјална и религиозна состојба. Ова не е претстава за оние со „слабо срце“ !“- се вели во најавата на настанот.

Билети +389 75 283 066 или онлајн на www.hahaha.mk

Влезница: 300 ден.