Стендап на Ненад Стефановски во Џез Ин
Ненад Шиља Стефановски се враќа ДОМА!
По потекло горд Македонец, така и се потпишува. Сепак во далечната 1999-та фаќа пат накај Германија, но како среќа во несреќа (или обратно), застанува во Белград да ја види куќата на Цеца и еве веќе 20 години како е “заглавен” таму.
Притоа успева да го направи скоро невозможното, да направи кариера како стенд-ап комичар, со преку 500 настапи во изминатите 6 години. Да, тоа е околу 80-90 настапи годишно, ние ја направивме математиката за Вас – велат организаторите.
Ненад конечно реши да се врати дома и да го направи она што досега не смеел. Toa e да настапи пред поблиската фамилија, комшиите и актуелното гласачко тело.
Стендапот е во петок (8 април) во Џез Ин, со почеток во 20:00 часот. Картите по цена од 300 денари може да се резервираат на телефонскиот број 07528306