Страотен бомбашки напад во Анкара
Во вчерашната експлозија во турскиот главен град Анкара загинаа 28 луѓе, додека 61 беа повредени. Експлозијата се случи во близина на зградите на воениот штаб и на парламентот.
Во вчерашната експлозија во турскиот главен град Анкара загинаа 28 луѓе, додека 61 беа повредени. Експлозијата се случи во близина на зградите на воениот штаб и на парламентот.
Гувернерот Мехмед Киличлар изјави дека цел на нападот бил конвојот автобуси во кои имало воен персонал.
Премиерот Ахмед Давутоглу го откажа патувањето за Брисел и учествуваше на итниот состанок што го закажа претседателот Реџеп Таип Ердоган. Владата им забрани на турските медиуми да емитуваат или да објавуваат снимки и фотографии од местото на експлозијата.
Постојат неколку групи за кои има сомневање дека го извршиле нападот како курдските милитанти, радикалните левичари и исламските радикали кои во изминативе години изведувале исти акции. САД, НАТО и Германија го осудија нападот и изразија солидарност на Турција.