Струга денес свечено ќе го одбележи Светскиот ден на поезијата
„Кога поезијата зборува“ – свеченост во чест на поезијата во Струга
Денес во организација на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга со почеток во 12 часот, во фоајето на Центарот ќе се одржи свеченост „Кога поезијата зборува“ по повод одбележувањето на 21 Март – Светскиот ден на поезијата.
Организаторите во нивното соопштение додаваат дека на свечените поетски читања ќе се слушнат стиховите на домашни и странски автори, како и лични наградени творби на учениците од општинските основни училишта во Струга.