Skip to main content

Студентите по медицина закана за себе и за најблиските

Синдромот на студентите по медицина е психолошка, ендемична болест која се однесува само на студентите по медицина.

studenti
студенти

Синдромот на студентите по медицина е психолошка, ендемична болест која се однесува само на студентите по медицина. Тоа е кога еден студент е убеден дека е заболен од болеста која ја изучува.

Овие студенти започнуваат нов живот во нова околина, стресот ги притиска, а згора на тоа се мачат и со финансиски проблеми и во тој момент главата им се исполнува со мисли дека се заболени од некоја страшна болест за која неодамна прочитале. Поминуваат бесони ноќи разгледувајќи специфични случаи на компликации од болеста која наводно ја имаат.

studentiПроблемот кои овие студенти си го имаат замислено може да биде различен од некоја ретка страшна болест, па се до слепо црево. Всушност најголем дел од овие студенти мислат дека имаат болки од слепото црево. Тие за првпат ја дознаваат точната локација на слепото црево и наеднаш чувствуваат болка на воспалено слепо црево.

Во светот се извршени неколку студии на овој синдром. Некои од нив укажуваат на претераното влијание на болестите врз луѓето. Студентите по право исто така имаат тенденција да станат хипохондрици. Па може да се заклучи дека виновен е стресот кој ги притиска младите луѓе.

Од друга страна студентите по психологија се посигурни во себе како навлегуваат во материјалот, но се почесто им бараат дијагнози на блиските членови од семејството и пријателите. Вистинска закана за секого.

{loadposition content9}