Субвенции за зголемување на економската вредност на шумите
Со 5,5 милиони денари годинава ќе се субвенционираат приватните шуми и нивните здруженија. Со овие пари сопствениците треба да ја зголемат економската вредност на шумите.
Со 5,5 милиони денари годинава ќе се субвенционираат приватните шуми и нивните здруженија. Со овие пари сопствениците треба да ја зголемат економската вредност на шумите.
Субвенциите се за инвестиции за поголема економската вредност на шумите. За обележување на границите на шумата и за изработка на геодетски елаборат, субвенцијата е 20.000 денари.
За набавка на опрема за стопанисување и за оддржување на приватните шуми можат да се добијат до 120.000 денари.
Финансиската подршка се исплаќа со ко-финансирање до 50 проценти од одобрените трошоци.
Еден барател може да поднесе едно барање, односно до 2, доколку се работи за различни мерки од програмата за рурален развој.
Корисници на поддршката се приватните сопственици на шумите или нивните здруженија.