Summer Drive-in Cinema – летно кино со автомобили во Касарна Охрид од 8-ми до 9-ти јули
Влезот ќе биде отворен од 20:00ч, а проекциите започнуваат во 21ч.
И оваа година Културолошка иницијатива 5 до 12 – Охрид организира Summer Drive-in Cinema – летно кино со автомобили. На настанот кој ќе се одржува во Касарната, ќе се прикажат македонските филмови ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ и ЕФЕКТОТ НА СРЕЌА.
Влезот ќе биде отворен од 20:00ч, а проекциите започнуваат во 21ч. Организаторите потенцираат дека по почетокот на проекцијата нема да биде дозволено влегување, а сите заинтересирани билетите по цена од 500 денари по автомобил ќе може да ги купат во Shilla – coffee & bar или на влез.