„Све ли ја да мислам” – Стендап спектакл на Бојан Велевски на текст од Божидар Божиновски (Моџо)
Актерот Бојан Велевски е на голема стендап турнеја низ десет градови во Македонија, со наслов „Све ли ја да мислам”, на текст на Божидар Божиновски (Моџо).
Стендап турнеата започна од Прилеп, продолжи во Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Битола, Куманово, Тетово и Штип. На овие настапи Велевски насмеа над 5000 луѓе. За Бојан, настапот во Охрид му е од особено значење:
„Во овие десетина години кариера како комичар, со Охрид сме се дружеле прилично ретко. Затоа овој настан од турнејата ми е еден од најважните затоа што сега охриѓани ќе можат да ме видат во едно вистинско светло. Ветувам спектакл и смеење на секои 20 секунди 75 минути.“, открива Велевски.
На премиерата актерот пред присутните откри што го мотивирало да ја започне оваа турнеја.
„Оваа турнеја ја правам пред сѐ за сцената. Време е и комичарите да почнат да прават големи работи, а не само настанчиња за 60-70 луѓе секој втора недела“, рече актерот,
Настапот во Охрид е во сабота, на 11-ти ноември 2023 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот.
Билетите се продаваат во А2 Тобако и Даблин Паб по цена од 200 денари.
Бојан Велевски е професионален актер, дипломирал на ФДУ, освен улоги во македонски филмови, глумел и покрај Мики Манојловиќ, Никола Кољо, Никола Ристановски.
Во октомври, 2012-та стана првиот македонски комичар кој застанал пред хрватската публика и тоа во најреномираниот станд ап клуб од бившите ЈУ простори, “Студио Смјиеха”, каде редовно настапуваат светки станд ап ѕвезди како Стив Хјуз, Чикен Џо, Еди Изард и многу други. Актерот веќе неколку години е дел од „Lollipop entertainment group“.