Skip to main content

Свети Константин Кавасила Архиепископ Охридски

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31 октомври 2015 година (сабота), во катедралниот храм „Света Софија“ Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Константин Кавасила Архиепископ Охридски“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Негово Блаженство Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан со архиереите на Македонската православна црква.

kavasila

kavasilaДебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31 октомври 2015 година (сабота), во катедралниот храм „Света Софија“ Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Константин Кавасила Архиепископ Охридски“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Негово Блаженство Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан со архиереите на Македонската православна црква.

По завршувањето на светата литургија Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан ќе произнесе пригодно слово за свети Константин Кавасила Архиепископот Охридски, а теологот Виктор Недески во своето излагање ќе зборува за ликот и делото на свети Константин Кавасила.

На 1 ноември 2015 година (недела), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Прохор Пчињски и пренесување на мошти на свети Јован Рилски“, со почеток во 9.00 часот, на која е чиноначалствува Неговото Високопреосве-штенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.