Skip to main content

Светот на музиката се прости со Дејвид Боуви

Познатиот музичар Дејвид Боуви почина на 69 годишна возраст, после 18 месечна храбра борба со ракот.

Познатиот музичар Дејвид Боуви почина на 69 годишна возраст, после 18 месечна храбра борба со ракот.

dejvid bouvi„Дејвид Боуви почина опкружен со своето семејство после храбрата 18 месечна битка со ракот. Додека голем дел од вас ќе ја споделат оваа загуба, од вас бараме да ја почитувате приватноста на неговото семејство додека тагува“, пишува на официјалниот Фејсбук профил на музичарот.

Боуви го објави својот последен албум, Блекстар, во петокот на неговиот роденден, а последен пат настапи хуманитарниот концерт во Њујорк во 2006 година. Во архивата на светската музичка сцена ќе останат неговите хитови: Let’s dance, China girl, Bring Me the Head of the Disco King, I’m Afraid of Americans, Starman, Ashes to Ashes, The Man Who Sold the World, Under Pressure, Young Americans, Space Oddity, Life on Mars и уште многу други.