Skip to main content

Светски ден на аутизмот

Денеска се одбележува Светскиот ден на лицата со аутизам. Кај нас се одржува по вторпат, а централната манифестација ќе се одржи на плоштадот Македонија.

majka i dete
мајка и дете

Денеска се одбележува Светскиот ден на лицата со аутизам. Кај нас се одржува по вторпат, а централната манифестација ќе се одржи на плоштадот Македонија.

Аутизмот практично е серија најразлични пореметувања што влијаат на способноста на одредена личност за социјална интеракција или  формирање пријателства.

logoМногу почесто е дијагностициран кај момчињата, отколку кај девојчињата.
Научниците не знаат што е причината за појавата, но и покрај генетските предиспозиции, најново е што акцентот  е ставен на еколошките фактори или на комбинација од двете.

Д-р Исак Песах од Универзитетот Калифорнија – Дејвис, го истражува влијанието на животната средина на развојот на мозокот и аутизмот. Тој вели дека хемикалиите во комерцијална употеба, а ги има околу 80.000, можно е да влијаат на развојот на мозокот кај децата.

Пол Анастас од Американската агенција за заштита на животната средина, тврди дека подобрувањата во дијагностицирање на аутизмот не може да се главна причина за драматично зголемување на бројот на случаите на аутизам во светот.

– Нашата генетика не може да се претрпи толку нагли промени за да бидеме во ситуација да го објасниме зголемувањето на бројот на случаи од аутизам, така што најверојатно се работи за комбинација на генетските фактори и изложеноста на надворешните промени, вели овој експерт.Тешките метали како оловото и инсектицидите неодамна се поврзуваат со пореметувања кај новороденчињата и недостаток на степен на внимание кај деца над две години.

{loadposition content9}