Светски ден на театарот Народен театар Охрид ќе го одбележи со претставата „Парите се отепувачка”
Народниот театар Охрид вечерва, во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе ја изведе претставата „Парите се отепувачка“, во режија на Андреј Цветановски во склоп на чествувањето на Меѓународниот ден на театарот и истата има хуманитарен карактер.
Во претставата играат МИТРЕ – Стрезо Стаматовски, АНЃЕЛЕ – Филип Кипровски, МАРА – Марија Новак, КАТА – Адријана Билаловиќ – Тодороска и СОФРЕ – Никола Тодороски. Претставата ќе се одигра утре со почеток во 20 часот, а цената на билетот е 300 денари.
Сите средства од продадените билети за претставаta ќе бидат донирани за лекување на нашата сограѓанка Ева во Германија. Од Народен театар упатуваат повик до граѓаните да ја поддржат оваа хуманитарна иницијатива и преку своето присуство да дадат придонес во оваа значајна акција.