Светскиот ден на срцето ќе се одбележи и во Охрид
Во организација на Охридскиот Завод за кардиоваскуларни заболувања и локалната самоуправа во Охрид ќе се одбележи одбележи Светскиот ден на срцето.
Во организација на Охридскиот Завод за кардиоваскуларни заболувања и локалната самоуправа во Охрид ќе се одбележи одбележи Светскиот ден на срцето.
Светскиот ден на срцето, 29- ти септември, е годишен настан кој се одбележува секоја година од 2000 година и има за цел да ја направи што подостапна информацијата дека срцевите заболувања и мозочниот удар се водечка причина за смртност во светот и се одговорни за 17.3 милиони изгубени животи годишно.
Секоја година одбележувањето на овој ден има ралично мото кое опфаќа прашања и теми поврзани со здравјето на срцето. Годинашното мото е „ Создавања на околина за здраво срце“. Пораката е дека местата во кои живееме, работиме, се забавуваме не треба да ги зголемуваат ризиците за кардиоваскуларни заболувања.
Заводот за кардиоваскуларни заболувања е првата здравствена институција која пред повеќе години се вклучи во одбележувањето на овој ден, а трета година по ред активностите ги спроведува во соработка со Општина Охрид. Годинава централниот настан ќе се одржи на градскиот плоштад, на 4- ти октомври, недела, од 09 до 13 часот, каде ќе биде поставен шатор каде на заинтересираните граѓани ќе им се мери крвниот притисок, ќе се прави ЕКГ и ќе добиваат совети од страна на доктори од Заводот за кардиоваскуларни заболувања поврзани со здравјето на срцето.
Целта е да се придонесе за подигање на јавната свест за неопходноста од преземање на сите потребни мерки во насока на превенција на овие заболувања.