Та не сме саде ние, та не сме саде тука
„Уште една бесмислена велосипедска патека“ со овие зборови започнува написот на Dnevnik.hr по повод реакциите на Здружението на велосипедисти за начинот на кој се исцртуваат велосипедските патеки во Загреб.
„Уште една бесмислена велосипедска патека“ со овие зборови започнува написот на Dnevnik.hr по повод реакциите на Здружението на велосипедисти за начинот на кој се исцртуваат велосипедските патеки во Загреб.
Градските власти се фалат со велосипедските патеки низ Загреб но во нивното изработување не се запазуваат меѓународните стандарди. Пример за тоа е најновата патека на плочникот на Савска.- реагирале од здружението.
„Овие жолти линии не се од корист за велосипедистите. Единствен резултат ќе биде додавање на дополнителна напнатост бидејќи создаваат илузија дека велосипедистите имаат свој простор додека од пешаците се очекува на шеталиште да се движат во колона еден по еден“- изјавил Владимир Халгот од Синдикатот на велосипедистите, и уште еднаш ги повика градските власти да почнат да ги следат и почитуваат PRESTO правилникот за изведување велосипедска инфраструктура, кој градот го нарачал и платил.
Две точки од текстов заслужуваат посебно внимание:
1. Здружение/Синдикат на велосипедисти;
2. Меѓународни стандарди/PRESTO правилникот за изведување велосипедска инфраструктура.
Два момента сами од себе се наметнуваат:
1. Градските власти од Загреб да дојдат во посета на Охрид и да видат како се исцртува велосипедска патека.(Во смисла, ич да не се секираат има и бетер)
2. Градските власти од Охрид да се информираат дека постојат Меѓународни стандарди за изведување велосипедска инфраструктура ( коишто најверојатно се поопширни од дечко со четка и кофа жолта боја).
{loadposition content9}