Skip to main content

Тајните на Охрид: Архитектурата

Не е само природата она што плени во нашиов град. Денес погледнете само мал ден од архитектонската убавина со која плени нашиов Охрид и научете нешто за македонската куќа.

kukja

Не е само природата она што плени во нашиов град. Денес погледнете само мал ден од архитектонската убавина со која плени нашиов Охрид и научете нешто за македонската куќа.

Нема сомнение дека македонската куќа припаѓа кон онаа стилска целина што во XIX век го прекривала Балканот. Како и сите познати стилови низ историјата, старата градска архитектура го создала единството со грижлива стандардизација на проектански и градежни методи, а материјалот се слеал во ликовно единство. Затоа на површниот поглед му се откриваат како истолики куќите од Охрид и оние од Бруса.

Без оглед на политичката потчинетост во Турската Империја, Македонија ја чува својата културна традиција. Во XIX век националната слобода. Од друга страна, преку стопанскиот успех во трговијата и занаетчитвото, заедно со материјалните средства од Европа, се преливаат и влијанија на општествените односи. Тогаш Македонецот носел европска облека (алафранга) и се забавувал на европски начин. Сето тоа се одразувало врз програмата на македонската куќа.

Додека во куќата на Ориентот се клечело, се седело на под или се лежело, во македонската куќа се стоело или се седело на стол. Големиот чардак и другите одделенија за репрезентативни приеми имале високи седишта – минсофи, наместо миндерлаци. Покрај минсофите се распоредуваат мали, подвижни масички за послужување, а средината останува и натаму празна. Работниот став натаму се одразувал во просторите за живеење.Понекогаш тие се растурени меѓу станбените простори и одделенија за домашна економија. Во оној момент кога овие три елементи ќе се соберат во единствен простор, ќе го откриеме прототипот на модерната кујнска батерија.

Во македонската куќа се открива и посебен архитектонски израз. Во ентериерот ориенталната арабеска е заменета со домашна дрворезба. На таваните, сергените и вратите, на килимите и другиот текстил, орнаментиката е автохтона – македонска. И во фасадната обработка ориенталната флорална декорација е заменета со творечка смеса од локална културна традиција и европски барок, пресоздаден во дрво.

Со таква македонска куќа од XIX век, и денес се среќаваме во Македонските градови поради очигледните архитектонски квалитети.