Skip to main content

Тајните на Охрид: Св.Јован Канео

Една од најпознатите цркви во Охрид, на карпестиот рид над плажата Канео во стариот дел на градот.

канео

Една од најпознатите цркви во Охрид, на карпестиот рид над плажата Канео во стариот дел на градот.

Преданијата велат дека Охрид некогаш имал 365 цркви. Можеби не е најстарата, но во секој случај, Св.Јован Канео е дефи

За историјата на црквата не постојат пишани податоци, современи со нејзиното подигање и живописување. Во натписот зачуван на фреско-малтер од црквата Св. Константин и Елена во Охрид се споменува една нива од селото Лескоец како имот на црквата Св. Јован Канео, што се граничи со имотот на црквата Св. Константин и Елена. Со ова се потврдува постоењето на црквата пред 1447 кога е испишан натписот на Св.Константин и Елена – како и релативно раната појава на топономастичкиот назив на местото „Канео“ каде што е подигната црквата. Иако за црквата не постојат никакви сигурни историски податоци нејзиниот живот може да се следи во општи историски рамки на развиток почнувајќи од XIII век па сè до почетокот на XIV век.нитивно една од најфотографираните цркви.

Денес Канео има зачувано добар дел од своите првобитни фрески иако се извршени некои модификации во тој поглед меѓутоа својот првобитен шарм го има задржано до денешен ден што е прилично добро земајќи предвид дека самата црква била подолг период напуштена.