„Tangerine Tango“ е боја за 2012
На светот му е потребна боја што ќе го размрда, малку дополнителна енергија и предизвик, а бојата на мандарина ќе ја донесе свежината на пролетната колекција.
Институтот „Pantone“ кој ги креира стандардите кога станува збор за бојата во модната индустрија и во индустријата на декоративната козметика, бојата ‘Tangerine Tango’ ја прогласи за „топ нијанса“ за 2012.
Експертите велат дека, портокаловата е убава боја но може истата да биде и тешка за комбинирање и носење. Портокаловите нијанси можат да го освежат вашиот изглед, но ако изберете нијанса која не е во согласност со вашиот тен можете да ја уништите целата работа.
Ако сте бледи, немојте да носите блузи, накит и шнолички во оваа боја, бидејќи ќе изгледате побледи. Вистински избор за вас се кремасти нијанси на портокалова, а ако не можете да и одолеете на бојата на мандарина, вашиот избор нека биде здолниште во таа нијанса, или ремен, чевли и чанта. Дамите со потемен тен, можат да ја изберат било која нијанса на портокалова, бидејќи сите добро им стојат.
И запомнете, портокаловата боја е боја за расположение.
{loadposition content9}