Тајра Бенкс дипломираше на 39 години
Ем паметна, ем убава. Супермоделот Тајра Бенкс дипломира на 39 години и тоа на Харвард.
| | Сцена & Муабети
Tayra
Една од најпопуларните светски манекенки, 39-годишната црномуреста убавица Тајра Бенкс ја исполни својата дамнешна желба да заврши факултет.
Таа одлучила да ги заврши своите студии бидејќи своевремено се повлече од модните писти, и дипломираше на високата деловна школа на Харвард.
Тајра во моментот е актуелна со своето тв-шоу „Тајра ток шоу“. Американскиот магазин „Пипл“ неодамна пишуваше дека атрактивната манекенка доживеала љубовна ромаса како во филмот „Јади моли се и уживај“.
По болното раскинување со своето момче Тајра заминала на „духовно патување “ на Бали со пријателите, и токму на тоа патување доживела голема љубов.