Skip to main content

Тажните тајни на манекенките

Од јадење топчиња памук натопени во сок од портокал, до спиење по 12 манекенки на 6 кревети, се само дел од работите на кои вашите деца ќе треба да се навикнат ако сакаат да станат топ модел, тврди мајката и менаџерка на манекенката Сесил Лопез.

 |  Маја Савиќ  | 
molk
молк
Од јадење топчиња памук натопени во сок од портокал, до спиење по 12 манекенки на 6 кревети, се само дел од работите на кои вашите деца ќе треба да се навикнат ако сакаат да станат топ модел, тврди мајката и менаџерка на манекенката Сесил Лопез.

Освен советите во 70-те страници од “Making a Supermodel”, Џениз Селест пишува и за настани кои би вознемириле и најтврдокорен член на Легијата на странци.
shto jadat
“Сум видела манекенки како превземаат потенцијално смртоносни мерки, за да ослабат. Лично знам манекенка која натопуваше памучни топчиња во сок од портокал, за да остане слаба,” пишува Селест.

Таа ги предупредува идните манекенки и дека животот што ги чека не е баш, најлуксузниот живот што го очекувале.

“Становите за манекенки се навистина мали. Има и до 6 кревети во една соба, на која треба да собере 12 манекенки, а девојките најчесто живеат од нивните куфери,” објаснува мајката на Сесил Лопез.
sesil
Таа посочува дека главна цел на книгата е да ги советува и предупреди родителите на идните светски модели за праксите и опасностите што ги чекаат.

“Ја пишувам книгава бидејќи сакам да им помогнам на останатите родители кои сакаат нивните ќерки да станат манекенки. Родителите често пати на Фејсбук бараат совети од мене, и многумина од нив немаат поима што е потребно да се прави,” објаснува Селест, која ја започна кариерата на нејзината ќерка кога таа имаше само 12 години.


{loadposition content9}