Skip to main content

Фестивал Охридско лето

Театарската претстава „Нора” во изведба на Љубљански театар на Охридско лето

Феминистичката претстава „Нора” во изведба на Љубљански театар на репертоарот на најпрестижната фестивалска манифестација во земјава Охридско лето. Овој пат во  режија на македонската режисерка Нела Витошевиќ.
 |  инфодеск  | 
нора

Театарската претстава „Нора” во изведба на градскиот  театар Љубљана на репертоарот на фестивалот „Охридско лето”. Претставата, која критички го начнува проблемот на патријархално уредениот модел на граѓанско семејство и го артикулира правото на жената да избере ослободување од подреденоста во бракот, е  една од најизведуваните дела во светот.

Овој пат во  режија на македонската режисерка Нела Витошевиќ,  една од најистакнатите претставници на помладата генерација македонски театарски творци.

„Мислам дека е многу актуелно да се отвораат овие женски прашања, да се зборува отворено и слободно за нив. Особено имајќи во предвид дека Нора е лик кој што го симболизира женскиот отпор и потрагата за индивидуална слобода”,вели  Нела Витошевиќ режисер.

Претставата, која ќе се одржи вечерва во 21 часот во ЦК „Григор Прличев”  е распродадена, а актерите се  воодушевени во пресрет на настапот на Охридско лето.

„Во работата се обидував да го одржувам срцето отворено и ликот на Нора да не го осудувам на никаков начин. Затоа што најчесто кога жената го напушта сопругот и децата тоа се уште кај нас е голема табу тема”,вели Ајда Смрекар актер од Словенија.

„Реакциите на публиката беа прекрасни. Голем број средношколци ја погледнаа претставата, затоа што текстот Нора им е дел од матурската. Дојдоа многу млади луѓе и нивните реакции беа навистина позивни”, Матеј Пуц актер од Словенија.

На 20 ти август , се спушта завесата на најпрестижната фестивалска манифестација во земјава. Крајот на 63 то издание на Охридско лето ќе се одбележи со театарската претстава „Лагата” на белградскиот театар.

Новинар Соња Рилковска