The best of Stand up утревечер во Џез Ин
Утревечер со почеток во 20 часот, на ваше огромно задоволство во култниот Џез Ин ќе се одржи The Best of Stand Up. Настанот е во склоп на Summer Comedy Marathon 2022.
Ова шоу е репрезент за Охридската стендап сцена. Во шоуто имате шанса да гледате комичари со огромна километража и комичари кои храбро го даваат најдоброто од себеси и до крај се борат да почувствувате болка во стомачните – велат организаторите.
За ваше трајно задоволство во ова шоу ќе се погрижат: Никола Тодороски, Никола Братучед Сиљаноски, Јован Цветкоски, Илија Богданоски, Зоран Донев.
Картата изнесува 250 ден, а може да си резервирате на телефонскиот број 075 283 066.
Потсетуваме, вечерва со почеток во 20 часот во Џез Ин со „one man show” – КОМПЛЕКСАНДАР ќе се претстави еден од најдобрите балкански комичари, Александар Перишиќ.
Влезот за ова шоу ќе чини 300 денари.