Топ 5 најскапи марини на светот
Уживање со јахта на отворено море е вистински луксузен одмор кој може да си го дозволат малкумина. Ако веќе сакате да си овозможите вакво задоволство имајте ги на ум следниве најлуксузни марини на светот…
Уживање со јахта на отворено море е вистински луксузен одмор кој може да си го дозволат малкумина. Ако веќе сакате да си овозможите вакво задоволство имајте ги на ум следниве најлуксузни марини на светот:
1. Capri, Италија
Просечна дневна цена за големи јахти е 2.900 евра. Местото во оваа марина мора да се резервира со месеци однапред, а не се достапни за продажба, или пак годишен наем.
Најатрактивна е во текот на регатата Rolex Capri Sailing Week. Tom Cruise, Harrison Ford, Julia Roberts и Keanu Reeves се само некои од светските имиња кои се тука секоја година.
2. Porto Cervo, Сардинија, Италија
Просечната дневна цена за големи јахти е 2.500 евра, а на располагање има 60 места. Топ период се Deluxe саемот во јуни и Maxi Yacht Rolex Cup регатата во септември.
Блескавиот Porto Cervo, чиј основач Aga Khan го замислил како село за многу богати и славни, ги привлекува само најбогатите поседувачи на јахти. Во текот на летните месеци тука се супер моделот Kate Moss, актерката Tara Reid, како и актерите Christian Slater и Denzel Washington.
3. Portofino, Liguria, Италија
Просечната дневна цена за големи јахти е 2.350 евра, а на располагање има 6 места. Portofino е една од подискретните марини, во почетокот била мало рибарско место, но во меѓувреме станала омилено собиралиште на богатите.
Пристапот до центарот е ограничен на еден тесен пат поврзан со Santa Margherita и во поголемиот дел од годината е затворен за сообраќај – така што природата е релативно недопрена. Со оглед на недостатокот на простор, тие што сакат да си обезбедат место мораат да направат резервација неколку месеци однапред.
4. Magna Ibiza, Ибица
Просечната дневна цена за големи јахти е 2.300 евра, а на располагање има 12 места. Се смета за една од најлуксузните марини на светот и преставува магнет за младите и богатите.
5. St Tropez, Cote d’Azur, Франција
Просечната дневна цена за големи јахти е 1.300 евра, а на располагање има 30 места.
St Tropez го прослави Brigitte Bardot во 1950 година и од тогаш стана култно одморалиште за богатите. Таму е важно да се биде виден, а шармот на местото се состои во тоа што е комбинација на луксузни продавници и одморалиште.
{loadposition content9}