Две претстави од Србија вечерва на фестивалот „Вдиши театар“

Фестивалот „Вдиши театар“ продолжува на третиот фестивалски ден во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид, со две театарски изведби од аматерски театарски групи од Република Србија.
Со почеток во 18:30 часот ќе биде изведена претставата „Трибина, куфер, бабушка и поет“ на Црвен крст Крагуевац, која преку приказна за стравовите, надежите, загубите и внатрешните борби го прикажува животот во неговото најискрено значење.
Во 20:00 часот на програмата е претставата „Берачи“ на Црвен крст Ужице. Делото раскажува за година обележана со екстремни временски услови, кога двајца пријатели – писател и актер – се соочуваат со судирот меѓу уметноста и земјоделството, сè до појавата на жена која ги менува нивните животи.
Влезот за сите фестивалски претстави е слободен.




