Во триесеттите бев за никаде, 40-тите се супер!
Сигурно има нешто со самодовербата штом ја користи секоја можност да го покаже своето фантастично тело. Џенифер Анистон вели дека новиот став кон животот се должи на годините. Таа ужива во животот повеќе од порано а тоа се одразува и на надворешниот изглед. Актерката го покажа своето тонирано и затегнато тело во новата сочна фотосесија за американскиот магазин CQ.
Во интервјуто за магазинот Џен(43) открила дека фрлила некое килце откако престанала да пуши но тоа е цената која мора да се плати кога ги оставаш цигарите а немаш веќе 20 години.
За врската со нејзиното момче Џастин Терокс и шпекулациите дека е бремена таа изјавила: Луѓето можеби сакаат да имам дете сега но јас не размислувам за тоа. Не сум бремена, не сум ни во брак. Ако се случи, ќе се случи.“
За крај анистон заклучува: „Триесеттите беа за никаде. О Господе јас бев за никаде. Четириесеттите се супер!“
{loadposition content9}