Skip to main content

Лос Анџелес

Уапсен дечкото на Ријана

Момчето на светската музичка ѕвезда Ријана, раперот на АСАП Роки, утрово е уапсен од полицијата поради пукањето во кое учествувал во 2021 година, пишуваат светските медиуми.
 |  инфодеск  | 
Ријана роки

Американскиот рапер Aсап Роки е приведен во врска со пукањето во ноември 2021 година, објави „Ен-би-си њус“, додавајќи дека апсењето се случило на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес во средата.

Според истиот извор, полицијата го привела 33-годишниот рапер веднаш штом излегол од приватен авион. Тој пристигнал од карипскиот остров Барбадос каде што беше на одмор со својата девојка поп-ѕвездата Ријана.

Полицијата во Лос Анџелес го истражуваше Роки, чие вистинско име е Раким Мајерс, за можна вмешаност во пукање во Холивуд на 6 ноември. Жртвата ѝ кажала на полицијата дека Мајерс и две лица му пришле со пиштол додека одел по улица.

Жртвата тврди дека Мајерс пукал во него неколку пати и еден куршум завршил во неговата лева рака, објави мрежата, повикувајќи се на полициски извештај.

Адвокатот на раперот не бил достапен за коментар.

Во јануари, Ријана објави дека го очекува своето прво дете со Роки.