Skip to main content

Се разгледуваат безбедни локации

Украина се подготвува за Евросонг 2023

Украинците се подготвуваат за Евросонг 2023. Во моментов се разгледуваат различни локации за одржување на натпреварот.
 |  инфодеск  | 
Калуш оркестар

Украина ги започнува подготовките за домаќин на Евровизија во 2023 година, изјави Кирило Тимошенко, заменик-шеф на Кабинетот на претседателот на Украина, на својот Телграм-канал.

На светот му ја покажуваме нашата отвореност, гостопримливост и способност да спроведуваме проекти од големи размери. Главното прашање за нас и за европската радиодифузна унија е безбедноста. Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи на Украина се вклучени во подготовките за Евровизија 2023 од самиот почеток со цел да се обезбеди соодветна логистика и најважно, безбедност – објасни Тимошенко.

Се разгледуваат различни локации за одржување на натпреварот, но во моментов не може да открие за кои локации станува збор.

Украинскиот бенд „Калуш оркестра“ победи на овогодинешниот Евросонг, а според правилата на Евровизија, следниот натпревар треба да се одржи во Украина.