Уметничките дела на Танко Саревски и Ирена Заневска ги воодушевуваат туристите во Охрид
Сликарството е уметност и занает , кое бара талент, креативност и истрајност, велат Танко Саревски и Ирена Заневска чии уметнички делаги воодушевуваат туристите во Охрид. Во колоритното катче, галеријата во стариот дел на Охрид впечатливи се најразлични стилови апстрактна уметност но и безвременските мотиви од Охрид. Сликаат масло на платно, но и на стакло изработуваат витражи и сувенири.
Најуникатно за академскиот сликар Танко е создавање на уметнички дела кои се ротираат во четири страни и доловуваат четири различни уметнички дизајни за што добил и награда златна медаља во Брисел.
„Најмногу сос трико ми тој беше исто академски сликар, еден од најпознатите сликари во Југославија, и во тоа време му ги купуваа сликите во скупштина до денес има негови слики. Уште од мали нозе со него, потоа на акдемија и изложби низ цел свет Азија, Европа, Америка. Ја добив наградата златна медаља тие слики се вртат во четири страни и секоја страна е слика за себе. Тие се на мотор кој ротира и менува сликата од четири страни. Пример една слика од едната страна е Адам и Ева, од другата страна е папагал и шума, кога повторно ќе изротирате тоа е јаболкото и змијата и од четвртата божанство едно”, вели Танко Сарески ументик.
29 години Танко и Ирена заедно творат и создаваат дела со најразлични техники и тематики во Охрид надополнувајќи се еден со друг работејќи го она што најдобро го знаат а тоа е сликањето.На витражите е отсликан Охрид низ вековите старите градски куќи, црквите, спомениците кои биле сочувани на стари фотографии.
„Најмногу што сакам да работам е витраж, односно дизајнирање на стакло со витражна боја и доста успешно тоа го правиме. Изработката ја започнав пред 25 години, творештвото ни е прекрасно многу не обожаваат и ние сме навистина среќни. Кога ќе го погледнат делото едноставно се пренесуваат дека тие се дома, обично луѓето што доаѓаат тука се луѓе кои живееле и заминале и кога ќе го погледнат си ги враќаат спомените назад и среќни сме што можеме тоа да им го овозможиме”- вели Ирена.
Танко и Ирена се амбасадори и промотори на туристички Охрид, нивните дела го имаат обиколено светот, патувале низ речиси сите континенти каде имале изложби, уметничките твроби денес се продаваат во голем број галерии низ светот.
Новинар Соња Рилковска