Дала отказ на необичен начин по препорака на нејзиниот пријател во фирмата каде работела досадни канцелариски работи.
Белграѓанката Катарина Јовановиќ (26) се слекла потполно гола, се завиткала во шарен натпис на кој пишувало “давам отказ“ и се фотографирала, а сликите ги ставила во плико и ги пратила на шефот, со кој добро соработувала, а настанот го објавила на својот фејсбук профил.
„На работа поминував по цели денови, затоа и прекинав, иако имав добра плата“ – рекла Катарина за српски Блиц.
Дипломирала на факултетот за култура и медиуми на свеучилиштето Мегатренд, на отсекот управување во културата.
– Имам доволно години и јасно ми е дека ова што го направив не е во ред, ама и доволно сум млада да сепак тоа и го направам. Станував секое утро во 6 и се враќав во 6 навечер, работев и секоја втора сабота и секој слободен викенд не ми беше доволен за одмор. Немав време за себе, за вежбање јога, за дружење со пријателите и фамилијата, за шетање кое многу го сакам, и едноставно се случи. Нешто пукна, како кога ќе престанеш да пушиш, одлучувате тоа да престане, објаснува Катарина.
Тврди дека со никого не била во лоши односи, и дека се работи за нејзин личен револт према капитализмот, против начинот на работа кој е погубен посебно за жени. Во меѓувреме шефот ја повикал да го потпише отказот.
Давајќи отказ не си ја загрозила својата егзистенција. Тврди дека има каде да спие, што да јаде, сметките и се платени и има поддршка од пријателите и роднините. Со пријателите планира да отвори Агенција за давање откази – објаснува Катарина за српски Блиц.