Уште една изведба на претставата „Вечера за глупаци“
И оваа саботa, во Центарот за култура „Григор Прличев“, охриѓани повторно ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава „Вечера за глупаци“ во изведба на актерите од Народниот театар Охрид.
И оваа сабота, во Центарот за култура „Григор Прличев“, охриѓани повторно ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава „Вечера за глупаци“ во изведба на актерите од Народниот театар Охрид.
Претставата е работена според текст на познатиот француски филмски режисер, сценарист и драматург Францис Вебер, а е во режија на Ирена Стеријовска.
Во претставата играат Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска и Павел Маслов. За сценографијата се погрижи Стефан Спировски, а за костимите Ана Кркулевска.
Почеток на претставата е во 20 часот. Цена на билетот е 150 денари