Skip to main content

УСПЕХ НА ОСНОВЦИТЕ ФИЛМАЏИИ ОД „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – ОХРИД

По претставувањето на филмот „Ана Франк“ на „Вечер на филмски аматери“ во Скопје, што се одржа во организација на Кинотека на Македонија, учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“, под менторство на Никица Мишева, професор по македонски јазик, зедоа учество со уште два нови филма на училишниот фестивал на кратки филмови „Кинофест Алгоритам 2016“.

natalija

Овој фестивал е во организација на Гимназијата „Алгоритам“ од Скопје во соработка со продукциската куќа „Наше маало“. Филмовите, насловени како „Еден ден од мојот живот“, на ученичките Наталија Стрезовска и Кристина Србиноска, беа номинирани во потесен избор за наградени филмови.

kristinaДвете авторки, со свои идеи, самостојно и со голема посветеност пристапија кон реализирањето на филмовите, а притоа учество зедоа и други ученици кои помогнаа во снимањето и монтирањето.

Секако треба да се напомене и тоа дека за мотивацијата на учениците придонесоа и претставниците од Аматерскиот фестивал на документарен филм (ФАДФ) „Камера 300“ кои беа во посета на училиштето, како и средбата со професорот Иво Трајков, при посетата на Институтот за филм – Филмска академија, од страна на учениците.

Љубителите на филмот можат да ги проследат двата филма на ФБ страницата на Гимназијата „Алгоритам“, при што со клик на копчето „Like“ кое се наоѓа веднаш под номинираниот филм, имаат можност да го дадат својот глас со што ќе овозможат филмовите да се здобијат со специјална награда од публиката за најдобар филм.