Утре ќе се одржи панел дискусија по повод Светскиот ден на театарот

Утре, 27. 03. 2025 година, по повод Светскиот ден на театарот со почеток од 20 часот на малата сцена при Н.У.Ц.К. „Григор Прличев“ – Охрид ќе се оддржи панел дискусија на тема „Запознавање со процесот на создавање на една театарска претстава и важноста на театарот во општественото живеење“.
Како вовед во панелот ќе се прочитаат овогодинешните пораки по повод Светскиот ден на театарот, потоа на темата ќе говорат дел од ансамблот на Охридскиот театар, а за крај е предвидена и дискусија со присутните.
Настанот кој што е организиран од Народен театар Охрид во соработка со Младински Центар Охрид првенствено е наменет за младата публика (средношколци и студенти), но добредојдени се и сите оние љубители на театарот кои имаат желба да присуствуваат. Влезот е бесплатен.