Skip to main content

Убав настан кој прераснува во традиција

Утре староградска пловидба со Ансамбл „Билјана“- „Ој љубов, љубов“

Збирно место КАНЕО од 17:30ч, во 18ч тргнување со кајчиња до Старо пристаниште.
 |  инфодеск  | 
ансамбл Билјана

Староградска пловидба со Ансамбл „Билјана“ утре во рамките на програмата од 5-тото алтернативно културно-забавно лето „Културолошка иницијатива 5 до 12“.

Уникатниот концерт на Ансамбл Билјана со пловидба по Охридското Езеро и изведба на староградски песни е насловен „Ој љубов, љубов“.

„Збирно место КАНЕО од 17:30ч, во 18ч тргнување со кајчиња до Старо пристаниште (Островче), каде во 18:30ч ќе се пуштат сидрата и настанот може да биде посетен и од копно. Може да присуствува секој со сопствен пловен објект, исклучиво со ВЕСЛАЊЕ. Исто така, можете да изнајмите СУП или кајак од SUP Club Ohrid. “ – информираат од Културолошка иницијатива 5 до 12.