Утревечер хуманитарен концерт на Сараиште во спомен и чест на Андреј Лаброски
Влезот е слободен, но ќе биде поставена кутија за донации и целата сума на пари ќе биде донирана за децата од ранливите категории.
Утре со почеток во 19:00 часот на плажата Сараиште ќе се одржи концерт во спомен и чест на Андреј Лаброски.
Влезот е слободен, но ќе биде поставена кутија за донации и целата сума на пари ќе биде донирана за децата од ранливите категории, велат од Вокално инструменталниот состав Билјана.
Од ВИС Билјана додаваат сите посетители да си понесат перниче, пешкир или столче за седење бидејќи концертот ќе се одржи на плажа.