Вака се промовира математиката
Норвешки ученици решиле речиси 5 милиони математички равенки во предизвик кој траел една недела
Норвешки ученици решиле речиси 5 милиони математички равенки во предизвик кој траел една недела. Тие користеле апликација за да ја промовираат математиката помеѓу децата со послаби математички вештини.Учениците се надевале дека ќе го срушат претходниот рекорд од 40.000 равенки кој бил поставен од студентите во Вашингтон, но тој рекорд бил срушен за само три часа.
Основачот на апликацијата со која решавале учениците изјави дека искуството е неверојатно. „Се надеваме дека ова ќе стане национален настан во САД и во Бразил до следната година.“
Апликацијата, „Драгонбокс“, има цел одново да го дефинира математичкиот јазик за игрите и да го приспособи процесот на учење во игра за децата во основно и средно училиште. Апликацијата била преземена 250.000 пати досега.
Следните учесници во предизвикот ќе бидат ученици од Минесота, кои се надеваат дека ќе решат 250.000 равенки за една недела.
{loadposition content9}