Skip to main content

„ВДИШИ ТЕАТАР“ ќе одбележи десетгодишен јубилеј со интернационална претстава Балкандром

Јубилејното 10-то издание на ВДИШИ ТЕАТАР ќе биде посебно со изведба на интернационална театарска претстава „Балкандром“. Станува збор за копродукција на Црвен крст Охрид и збратимените организации од уште пет градови од Балканот. Претставата е дело што на повеќе јазици зборува гласно и храбро за трендот на иселување на младите луѓе од балканските држави во потрага по подобар живот. Балкандром ќе биде изведена утревечер во предворјето на црквата Св Софија.
 |  Маја Савиќ  | 

Меѓународниот аматерски младински тетараски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ како најава за кутурното лето во Охрид, е проект што ги поврзува младите од поширокиот регион. Годинава навршува 10 години постоење и овој јубилеј утревечер ќе го одбележи со изведба на интернационална претстава „Балкандром“.

Претставата е копродукција на организациите на Црвен крст од Охрид, Суботица, Крагуевац, Бар, Требиње и Ужице. Тоа е дело што на повеќе јазици, зборува гласно, храбро и лично за трендот на иселување на младите луѓе од балканските држави во потрага по подобар живот.

Претставата е авторско дело на координаторите на проектот Вдиши театар од Црвен Крст Охрид и зборува за измислен град Балканград, вели Весна Терзиоска, потпретседателката на ОО Црвен крст Охрид и дел од тимот на „Вдиши театар“.

Во него постои аеродром Балкандром којшто се најавува како туристички рај, меѓутоа тоа е место коешто во реалноста е претворено во чекална каде лушето заминуваат, се иселуваат, купуваат карти за во еден правец, поради тоа што се зборува за суровата реалност во сиве овие балкански држави каде луѓето поради секојдневието, негативните појави го напуштаат своето место на живеење барајќи подобро место за живот. За жал ,тоа е болна вистина, тоа се лични приказни коишто нашите актери волонтери од Црвен Крст Охрид и од другите градови ќе се обидат да го прикажат на еден многу реален начин и борбата помеѓу заминувањето и останувањето.”– додава Терзиоска.

Софија Јаковлева, волонтерка во Црвен крст Охрид, три години е членка на Вдиши театар и е дел од актерската екипа во претставата „Балкандром“.

„Чувството да се биде волонтер и да се учсетвува во Вдиши театар е посебно, меѓутоа оваа година затоа што имаме спој од сите збратимени градови направивме едно вистински незаборавно дело. Јас играм лик кој бара жртва, кој не секогаш може да се експонира пред јавноста онака како што навистина е во реалноста. Тоа се денешните новинари кои и покрај нивната жртва не можат да го кажат нивното мислење. Меѓутоа на самиот крај јас како лик кој сака да покаже што всушност се случува во денешното време, драмата ја завршувам со нашето мото „До кога вака“, а со тоа сакам да кажам дека дури и во денешното време може да се најде спас за ова општество. – вели Софија.

Лука Доленц вели дека ужива во подготовката на претставата. Имаме пишан текст кој е костурот за тоа како треба да изгледаат дијалозите, но најинтересниот дел е сами да си ги замислиме нашите ликови, па така додаваме во текстот реплики и постапки и ги дооформуваме, кажува Лука.

„ Одма се подготвивме, имаме веќе некоја хемија помеѓу сите глумци кои сме во Охрид. Тоа со години си го перфектираме, сега веќе сме синхронизирана машина. Мојот лик се вика Андреј, тој е доктор, кој многу ги сака луѓето, сака да им помогне, многу е принципиелен и за жал, општетсвото околу него му одмогнува во неговото мисија да е добар доктор, да ги спаси сите и одлучува после трагичен случај да ја напушти својата држава, бидејќи мисли дека неговото мисија може да ја одржи поуспешно во друга држава. – вели Лука.

Сара Петкоска, која трета година е дел од „Вдиши театар“ вели дека работата на претставата Балкандром за неа не е само интересно туку и специфично искуство.

„Пробите се малку поинакви за една ваква претстава. Јас конкретно се спремам во Охрид, но некој од другите актери кои имаат поголем контакт со самите деца од другите држави, тие мора да надополнат и на платформи кои се он-лајн. Со нетрпение чекам да додјат тука и да се подготвуваме сите заедно во живо во Охрид и да се запонаеме многу подобро. Мојот лик е медицинска сестра Кате која е една доста специфилна и поинаква медицинска сестра, можеби не како што карактеристично би се змаислила. Сметам дека е доста интересен лик за да се проследи на сцена, е доста динамичен лик од кој не може да се очекува што следно ќе излезе од него и мислам дека дефинитивоно вреди да се види.“ – порачува Сара.

На Мартин Мацкоски ова му прва година во „Вдиши театар“ и задоволен е од тоа како се вклопил во актерската екипа.

„Доста е забавно. Има голема дружба и хемија меѓу нас. Работиме како тим. Исто така сум возбуден бидејќи ликот кој го глумам претставува како прелаз меѓу сите сцени и останати ликови. Ќе стекнам во оваа драма искуство и со други деца, од соседните држави, поточно соседната држава Србија. Се надевам на добра дружба, добра соработка и сум задоволен од целата организација благодарение на Црвен крст. Ликот кој го глумам се вика Чекачот. Тој лик е второто јас на сите останати ликови. На некој начин ги испраќа и дочекува од фамозното место „Балкандром“. – кажува Мартин.

Претстава Балкандром ќе биде одиграна утре во 20:30 часот во предворјето на црквата Св. Софија. Влезот е слободен за сите. Проектот „Вдиши театар“ се реализира со поддршка од Општина Охрид.

Во текот на изминатата деценија, на сцената на Вдиши театар продефилираа повеќе од 80 охридски младинци, а заедно со нив и тројно повеќе учесници од збратимените организации на Црвен крст од Балканот. Заеднички, на сцената поставија 40 претстави преку кои создаваа простори за дијалог, толеранција, прашања и надеж.