Вечерва во Велгошти, ќе се одржи културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“
Вечерва во атарот на црквата „Св. Петка“ во селото Велгошти, ќе се одржи културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“. Годинава се одбележува јубилејот 90 години од раѓањето на овој истакнат охридски и македонски раскажувач, романописец и драмски писател.
Програмата предвидува полагање на цвеќе пред спомен обележјето на Живко Чинго, обраќање на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, доделување на наградата за најдобар расказ на годинешната лауреатка Дијана Петрова, промоција на книгата „Наградата Живко Чинго од востановувањето до денес“ од приредувачот м-р Милчо Јованоски, а за животот и делото на Живко Чинго ќе беседи проф. д-р Кристина Николовска.
Вечерта ќесе заокружи со културно-уметничка програма со настап на „Трио Долче“ и КУД „Филиграни“.