Skip to main content

Детската театарска претстава „Џинче” вечерва во НУЦК „Григор Прличев”- Охрид

Претставата „Џинче” е работена со сенки и Џин кој е избркан од нивниот свет и раскажува за искреното другарство и предрасудите.
 |  инфодеск  | 

Детската театарска претстава „Џинче” денес ќе се прикажува на малата сцена во НУЦК „Григор Прличев”-Охрид.

Претставата „Џинче” е работена со сенки и Џин кој е избркан од нивниот свет и раскажува за искреното другарство и предрасудите. Ќе се прошетаме низ возбудлива авантура низ градот на сладоледите, ќе запловиме со чудниот капетан и ќе вкусиме мексичко бурито.

Претставата е работена по мотиви на книгата „Најдобриот Џин во градот” од Џулија Доналдон. Наменета е за деца од 3-13 години. Влезницата изнесува 150 денари.

Сенкаши: Филип, Кате, Даре, Родне, Александра, Круме
Музика: Пеџа и Влад
Плакати: Ивона и Пеџа
Претставата е наменета за деца над 3 години.
Времетраење: 40 мин.