Центар за култура григор прличев
Вечерва хит претставата Енергични луѓе
Вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура во Охрид ќе биде изведена претставата „Енергични луѓе“, по повод Светскиот ден на театарот.
По повод Светскиот ден на театарот, вечерва во 20 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, на репертоарот повторно хит претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски.
Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска.
Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.