Skip to main content

Вечерва изложба по повод Денот на жената на Фото клуб „Охрид“

Изложбата ќе биде поставена во Изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Отворањето е закажано за денеска во 19:30 часот. 
 |  инфодеск  | 

По повод Денот на жената , 8-ми Март, Фото клубот „Охрид“ од Охрид ја најавува фотографската изложба насловена „Фрагменти на таа што создава“.

Придружете ни се во прослава на уметноста и женската енергија низ објективите на талентирани охридски фотографи, членови на клубот. Ве очекува вечер исполнета со инспиративни кадри, пријатна атмосфера и можност за убави разговори, порачуваат од клубот.

Изложбата ќе биде поставена во Изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Отворањето е закажано за денеска во 19:30 часот.