Skip to main content

Културата расте со децата „За сите деца“

Вечер ќе биде изведена детската претстава „Во царството на другарството“

Приказната носи порака за пријателство, разбирање и заедништво.
 |  инфодеск  | 

Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид под мотото „Културата расте со децата“, вечерва од 19:30 часот на сцената кај ТЦ „Амам“ ќе биде изведена претставата „Во царството на другарството“, на Театар Хит од Скопје. Приказната носи порака за пријателство, разбирање и заедништво.

Автор и режисер на претставата е Сашо Ристовски, а улогите ги играат Магдалена Ризова Черних, Ема Давчева и Сашо Ристовски.