Вечерва Културно уметничкото друштво на слепи лица „Биљана“ ќе одржи концерт по повод Меѓународниот ден на слепите лица
Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 19:30 часот.
Здружението на слепи лица Охрид во соработка со општина Охрид по повод Меѓународниот ден на слепите лица организира концерт на Културно уметничкото друштво на слепи лица „Биљана“ кое функционира во склоп на Националниот сојуз на слепи на Македонија.
Концертот ќе се одржи вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:30 часот.
Влезот за концертот е бесплатен.