Skip to main content

Вдиши театар

Вечерва пред охриѓани претставата Чудо у Шергану

Театарската група на Црвен крст Битола, на вториот ден од Аматерскиот театарски фестивал „Вдиши театар“ ја изведе претставата „Умри машки“. Вечерва ќе настапи театарот „Инат“ од Ужице, Србија со претставата „Чудо у шергану“.
 |  инфодеск  | 
Вдиши театар

Блескав сценски настап на театарската група на Црвен крст Битола, на вториот ден од Аматерскиот театарски фестивал „Вдиши театар“.

Тие вчера, на сцената во предворјето на црквата Св. Софија ја изведоа претставата „Умри машки“ преку која на траги-комичен начин прикажаа како животот на двајца мажи може да се промени поради една манипулативна жена.

Вдиши театар

На третиот ден од театарскиот фестивал „Вдиши театар“ охриѓани и гостите ќе имаат можност да го проследат настапот на театарот „Инат“ од здружението Пркос од Ужице, Србија, кои вечерва на сцената во предворјето на црквата Св. Софија, со почеток во 21 ч. ќе настапат со претставата „Чудо у шергану“, една од најдобрите српски драми, која е безвременска приказна за нас, за животот на обичните луѓе – велат од Црвен крст Охрид.

Влезот е слободен.

Вдиши театар