Skip to main content

ЦК браќа миладиновци струга

Вечерва премиера на детската претстава Хајди

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга, вечерва со почеток во 20 часот ќе биде изведена театарската претстава за деца „Хајди“.
 |  инфодеск  | 
Театарска претстава Хајди

Вечерва со почеток во 20 часот, Драмското студио „Миладин“ од Струга премиерно ќе ја изведе детската театарска претстава „Хајди“. Претставата ќе се одржи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

Улогите ги толкуваат:

Хајди – Матеја Миладинова,

Дедото – Милан Блажески,

Дета – Дафина Дејкоска,

Мина – Адријана Клечкароска,

Петре – Христо Дејкоски,

Бабата – Бранкица Петковска,

Клара – Емилија Спасеска,

Таткото – Даниел Спироски,

Гувернантата – Михаела Касниоска,

Силва – Атанасија Дејкоска и

Нараторот – Даниел Шикоски.

Театарска претстава Хајди

Претставата „Хајди“ е по драматизација и во режија на Ристе Миладинов, долгогодишен струшки режисер и актер и директен потомок на браќата Миладиновци. Истата ќе биде изведена од помладата група на драмското студио „Миладин“.