Skip to main content

народен театар охрид

Вечерва премиера на најновото остварување на Охридскиот народен театар – „Парите се отепувачка“

Вечерва охриѓани ќе уживаат во најновото драмско остварување на Народен театар Охрид, драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле.
 |  инфодеск  | 

Вечерва охриѓани ќе уживаат во најновото драмско остварување на Народен театар Охрид, драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле.

Актерскиот ансамбл многу искрено, успешно и умешно ќе ја обработи класиката во македонската драматургија во режија на Андреј Цветановски и ќе и понуди на публиката ново искуство исполнето со емоции и прашања.

Во претставата играатч Стрезо Стаматовски (Митре), Филип Кипровски (Анѓеле), Марија Новак (Мара), Адријана Билаловиќ – Тодороска (Ката) и Никола Тодороски (Софре). Адаптацијата и режија е на Андреј Цветановски, сцена, костими и видео дизајн Сергеј Светозарев, а за музиката е задолжен Димитар Андоновски. Тон и видео проекции: Никола Јосифоски. Светло мајстор е Борис Велјаноски. Гардероба: Деса Лазороска, Линдита Мерко и реквизита: Соња Крстаноска, Маријана Николоска. Инспициент: Филип Ангеличин – Жура.

Билетите се во продажба по цена од 400 денари, а претставата започнува во 20 часот.